fbpx

Tags : Влада

Утрешниот ден Владата го прогласи за ден на жалост за

Владата донесе одлука со којашто утрешниот ден, 13-ти февруари, понеделник, е прогласен за Ден на жалост на Република Северна Македонија. Одлуката е донесена како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Република Турција и во Арапската Република Сирија, на 6-ти февруари 2023 година. […]

Премиерот Димитар Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата со следните кадровските решенија, соопштија денеска од Владата. За министер кој ќе раководи со Министерството за правда, предложен е Кренар Лога. За министер кој ќе раководи со Министерството за здравство, предложен е Фатмир Меџити. За министер кој […]

Влада: Второто полугодие ќе започне на 23 јануари

Владата на Република Северна Македонија, денеска на 118-та редовна седница, го разгледа и го усвои предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на18 јануари да започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици. Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот […]

Влада: Забранет извозот на огревно дрво, пелети и пченица и

На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донесе две одлуки за ограничување на извозот на одредени производи и одлука за укинување на царината за увоз на масло за јадење од сончоглед. Овие одлуки се донесени со цел се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар […]

Глоби во износ од 500 до 10.000 евра за нечесни

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 54-та седница, ги разгледа и утврди Предлог-законот за заштита на потрошувачите по скратена постапка и Информацијата за потребата од изготвување на Закон за нефер трговски практики со цел заштита на правата на потрошувачите.   Со овие предложени закони, Република Северна Македонија ќе биде првата земја во регионот […]

Владата и СОНК постигнаа согласност, од среда да продолжи наставата

Владата и СОНК постигнаа согласност за зголемување на платите во основното и средното образование и во детската заштита. Денешниот договор вклучува согласност за почеток на наставата и почеток на работата на градинките од среда, 27 април, откако утрешниот ден претставниците на претседателството на СОНК и регионалните советници ќе ги информираат вработените во образованието и во […]

Владата предложи покачување на платите од 10%, учениците да се

Владата на Република Северна Македонија на денешната 40-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за состојбите во основните и средните училишта предизвикана од штрајкот на вработените, а согласно одлуката на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). Со заклучоците по оваа точка Владата го задолжи Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална […]

Влада: Од денес 0% ДДВ за основните прехранбени продукти за

Од денеска стапува на сила мерката за намалувањето на ДДВ-то за основните прехранбени продукти од 5% на 0%, соопштија од Владата. Со стапувањето на сила на оваа мерка сите маркети кои продаваат леб, брашно тип-400, млеко со масленост од 2,8%, од 3,2 и 3,5% масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за […]

Антикризните мерки на Владата веднаш дадоа резултати – од денеска

Новите 26 антикризни мерки на Владата, вредни 400 милиони евра веќе даваат резултат, соопштија денеска од владината прес служба. Со усвоените измени и дополнувања на законите на ДДВ и за акцизата во Собранието, на предлог на Владата како дел од антикризните мерки, од денеска се намалени цените на нафтените  деривати и горивата за транспорт. Со […]

Владата го ограничи извозот на одделни житарици, брашно, сончоглед и

Владата на Република Северна Македонија на својата 26-та седница донесе Одлука за ограничување на извозот на одделни стоки. Според оваа одлука се ограничува извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед. Владата на Северна Македонија одлуката за ограничување на извозот на […]