Владата на Република Северна Македонија, денеска на 118-та редовна седница, го разгледа и го усвои предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на18 јануари да започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици. Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот […]
Tags : Влада
На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донесе две одлуки за ограничување на извозот на одредени производи и одлука за укинување на царината за увоз на масло за јадење од сончоглед. Овие одлуки се донесени со цел се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар […]
Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 54-та седница, ги разгледа и утврди Предлог-законот за заштита на потрошувачите по скратена постапка и Информацијата за потребата од изготвување на Закон за нефер трговски практики со цел заштита на правата на потрошувачите. Со овие предложени закони, Република Северна Македонија ќе биде првата земја во регионот […]
Владата и СОНК постигнаа согласност за зголемување на платите во основното и средното образование и во детската заштита. Денешниот договор вклучува согласност за почеток на наставата и почеток на работата на градинките од среда, 27 април, откако утрешниот ден претставниците на претседателството на СОНК и регионалните советници ќе ги информираат вработените во образованието и во […]
Владата на Република Северна Македонија на денешната 40-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за состојбите во основните и средните училишта предизвикана од штрајкот на вработените, а согласно одлуката на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). Со заклучоците по оваа точка Владата го задолжи Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална […]
Од денеска стапува на сила мерката за намалувањето на ДДВ-то за основните прехранбени продукти од 5% на 0%, соопштија од Владата. Со стапувањето на сила на оваа мерка сите маркети кои продаваат леб, брашно тип-400, млеко со масленост од 2,8%, од 3,2 и 3,5% масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за […]
Новите 26 антикризни мерки на Владата, вредни 400 милиони евра веќе даваат резултат, соопштија денеска од владината прес служба. Со усвоените измени и дополнувања на законите на ДДВ и за акцизата во Собранието, на предлог на Владата како дел од антикризните мерки, од денеска се намалени цените на нафтените деривати и горивата за транспорт. Со […]
Владата на Република Северна Македонија на својата 26-та седница донесе Одлука за ограничување на извозот на одделни стоки. Според оваа одлука се ограничува извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед. Владата на Северна Македонија одлуката за ограничување на извозот на […]
Република Северна Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните не треба да се грижат, нафтени деривати во државата има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката. Владата апелира дел од трговците на мало со нафтени деривати да не ја ограничуваат количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се […]
Претседателот Стево Пендаровски, врз основа на член 84, став 1, алинеја прва, од Уставот на Република Северна Македонија денеска му го врачи мандатот за состав на Владата на Димитар Ковачевски, претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. -Врз основа на член 84, став 1, алинеjа прва од Уставот на Република Северна Македонија и известувањето за предлогот за мандатaр доставено од Социјалдемократскиот […]