Според партиски резултати Петар Јанков е новиот градоначалник на Струмица
Танкица Стојанова нов претседател на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал
На денешниот состанок на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал за претседател беше избрана Танкица Стојанова – млад актер во Струмичкиот театар, активен член на Црвениот крст и препознатлив лик за струмичката јавност од областа на културата, објави вечерва градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-За потпретседател на Струмичкиот карневал беше избрана Катерина Палифрова – професор по англиски јазик и долгогодишен учесник во Струмичкиот карневал.Со искрени желби на новиот каренавлски одбор им посакувам среќа и успех во новите улоги!, напиша Костадинов.