ЗНМ И СЕММ: АПЕЛ ЗА ВНИМАТЕЛНО И ЕТИЧКО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ
Тошковски:Досега се починати вкупно 59 лица, а 155 се повредени во пожарот во Кочани
-До 11:30 починати се вкупно 59 лица, а од нив 35 се идентификувани. Од идентификуваните 31 лице од Кочани, 4 од Штип. Бројот на повредени до 12 часот е 155 лица и истите се наоѓаат низ различни болници во државата, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во Кочани, каде синоќа околу 02:30 часот во пожар во Дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи незапамтената трагедија на овие простори.
Тој додаде дека меѓу загинатите е еден полицаец од ПС Пробиштип, кој бил ангажиран да постапува по претходно подготвен план за контрола на малолетници и дрога.