Трибина во Струмица: „Burnout и анксиозноста во современото живеење“

 Трибина во Струмица: „Burnout и анксиозноста во современото живеење“

Ротари Клуб Струмица најавува трибина на тема „Burnout и анксиозноста во современото живеење“, која ќе се одржи на 24 април 2026 година (петок), со почеток во 18:00 часот, во конгресната сала на Хотел Сириус во Струмица.

Настанот има за цел да отвори простор за разбирање, поддршка и информираност за менталното здравје, преку стручен осврт и практични насоки за справување со предизвиците на современиот начин на живот.

Предавач на трибината ќе биде доц. д-р Васка Митова, специјалист по психијатрија при Универзитетската клиника за психијатрија – Скопје, која ќе говори за:

  • препознавање на симптомите на burnout и анксиозност,
  • начини за справување со стресот,
  • важноста на менталното здравје во секојдневното функционирање.

Организаторите истакнуваат дека настанот е бесплатен и отворен за сите заинтересирани граѓани, со цел да се поттикне отворена дискусија и поголема грижа за менталното здравје во заедницата.

„Менталното здравје не е слабост, туку приоритет – затоа што здрав ум значи здрава заедница“, е пораката што Ротари Клуб Струмица ја упатува преку оваа иницијатива.

Share via
Copy link