Уапсен крадец од Струмица, расчистени две кривични дела, следува соодветна пријава
МВР соопшти дека вчера во 12:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Х.(31) од Струмица. Тој се сомничи дека во Струмица одзел патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки. Возилото било пронајдено, а лицето било задржано во Полициската станица Струмица. При преглед кај него бил пронајден и предмет одземен при кражба од возило, пријавена на 24.09.2025.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на настаните, против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Фото илустрација: МВР