fbpx

УЈП ја објави најновата листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листа на должници бр.01/2023 за долгови доспеани до 30.09.2022 и неплатени до 31.12.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.01/2023 објавени се 1.675 должници – правни лица (повеќе за 15 од претходната листа) и 3.291 физички лица (повеќе за 27 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.01/2023 изнесува 7.927.219.196 денари, повеќе за 22.304.136 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 7.743.734.205 денари, повеќе за 45.553.584 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 183.484.991 денари (помалку за 23,249,448 денари од претходната листа).

Листата на должници на следниот линк:

http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/572?fbclid=IwAR2Ae3NY_q_j9iEqhESmJ-2sC9iFdvtqelXLRg6ZLP2boVklGVOVGAh_ykc

Share via
Copy link