Браќата Ѓорѓиеви и Љафтов ја засилуваат Струмица за натпреварите во Купот на ЦЕВ
Валандовчанец запалил возило на сограѓанин
Синоќа во 22:20 часот во Валандово полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода З.К.(40) од Валандово поради сомнение дека околу 21:40 часот во Валандово подметнал пожар на патничко возило „опел“ со валандовски регистарски ознаки, сопственост на Д.Б. (35) од Валандово.
З.К. претходно и телефонски му упатувал закани на Д.Б.. З.К. е задржан во Полициската станица Валандово, извршен е претрес во неговиот дом и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Гевгелија.
Фото: МВР