Браќата Ѓорѓиеви и Љафтов ја засилуваат Струмица за натпреварите во Купот на ЦЕВ
Затвореник баран за доиздржување казна извршил тешки кражби
Вчера во 15:10 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода Б.А.(39) од Струмица. Тој бил баран со потерница за доиздржување на затворска казна од 6 месеци, за сторени кривични дела „тешка кражба“.
Во службениот разговор извршен со него, Б.А. признал дека во јули и септември на подрачје на Радовиш извршил три кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „разбојничка кражба“.
Кај него биле пронајдени пари и предмети кои ги одзел при извршените кривични дела и ќе бидат вратени на сопствениците. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а лицето било предадено во Затвор Штип за доиздржување на затворската казна.
По целосно документирање на случајот против Б.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: архива