fbpx

Викторија Панчурова и Теодора Димоска први домашни фудбалерки во Македонија со професионален статус

 Викторија Панчурова и Теодора Димоска први домашни фудбалерки во Македонија со професионален статус

Викторија Панчурова и Теодора Димоска од ЖФК Тиверија се првите домашни фудбалерки во Македонија со професионален статус.

Како што објавија на својата фејсбук страница, со ова женскиот фудбалски клуб Тиверија е првиот клуб во македонската лига каде фудбалерките имаат професионален статус.

„Струмица е клуб кој инвестира во развојот на своите фудбалерки. Доказ за тоа се и професионалните договори на Викторија и Теодора кои ќе бидат првите домашни фудбалерки во Македонија со Професионален статус. ЖФК Тиверија Струмица е клуб кој се бори за правата на жените и девојките во спортот и смета дека фудбалерките треба да имаат статус на вработени доколку сакаме истите тие да се максимално да се посвет на фудбалот. Амбициите на клубот се се поголеми од година во година, а секако дека во центарот на вниманието се нашите фудбалерки кои се најзаслужни за стабилноста на ЖФК Тиверија Струмица“ информираат од клубот.

Share via
Copy link