fbpx

Високи 20 новозаразени и само двајца оздравени од Ковид-19 во Струмица

 Високи 20 новозаразени и само двајца оздравени од Ковид-19 во Струмица

Во последните 24 часа се направени 4.373 тестирања, а регистрирани се 1.031 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 492 -Прилеп 64 -Кавадарци 53 -Велес 47 -Тетово и Гостивар по 45 -Охрид 31 -Битола 30 -Куманово и Неготино по 29 -Гевгелија 25 –Струмица 20 -Штип 16-Струга 13 -Берово 12 -Ресен, Радовиш и Крушево по 9 -Кочани 8 -Свети Николе, Пробиштип и Валандово по 7 -Крива Паланка 6 -Демир Хисар 4 -Кратово 3 -Кичево, Богданци и Демир Капија по 2-Дебар, Виница, Македонски Брод, Пехчево и Дојран по 1

Пријавени се вкупно 20 починати лица, на возраст од 50 – 93 години и тоа: 9 пациенти од Скопје, 3 лица од Прилеп, Велес и Битола – по 2 починати лица и по едно починато лице од Куманово, Гостивар, Кавадарци и Кочани. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Регистрирани се 241 оздравен пациент од:-Скопје 152 -Гевгелија 20 -Велес 15 -Куманово 14 -Гостивар 13 -Битола 9 -Штип 6 -Ресен 4 -Валандово 3 -Струмица 2-Кичево, Радовиш и Свети Николе по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 563.394 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.107, бројката на оздравени пациенти е 97.166, на починати е 3.300, а бројот на активни случаи изнесува 11.641.

Share via
Copy link