НАД 700 ПОСЕТИТЕЛИ НА САЕМОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МЕГА ШОПИНГ ПАРК ГЕВГЕЛИЈА
Владата со парична награда за Дејан Георгиевски по освојувањето на медалот

Владата на Република Северна Македонија на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со сребрен медал во дисциплината теквондо, Дејан Георгиевски, да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000,00 денари.
Исто така и на неговиот тренер Дарко Костовски да му бидат доделени 600.000,00 денари.
Освојувачот на сребрениот медал во теквондо на ЛОИ Токио 2020 ќе биде награден и со дополнителни 600.000,00 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт.