fbpx

За млади и за возрасни кои не се вакцинирани, Филипче најави рестрикции за масовни собири

 За млади и за возрасни кои не се вакцинирани, Филипче најави рестрикции за масовни собири

Здравствените власти во земјава имаат разговарано за нови рестриктивни мерки кои ќе се однесуваат само за невакцинираните, најави денеска министерот Венко Филипче.

Сепак, за конкретните мерки, со кои треба да се заштити целокупното население, вели министерот, подетално ќе се разговара во август.

Новите рестрикции би се однесувале за неможност невакцинираните да одат на масовни собири и јавни настани.

– Видовме во изминативе години што значи да нема вакцина за една болест, какви рестрикции, полициски часови итн., гледаме и следиме примери и од другите земји, има приватни компании кои едноставно сакаат вработените да им се вакцинирани за да може нормално да функционира работниот процес, а ние ќе го штитиме јавното здравје со тоа што евентуално би вовеле такви мерки таму кај што има можност за масовни собири, јавни настани, можеби влез за некои јавни места итн, нагласи Филипче при посетата на Клиничката болница во Битола.

Тој посочи дека во овој момент имаме највисока стапка на вакцинација споредено со многу земји во регионот, па дури и во овој дел на Европ

Share via
Copy link