„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Во февруари пристигнуваат првите дози на Фајзер вакцината
Министерот Венко Филипче дека на својата официјална фејсбук страница сподела дека Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината.
„Денеска попладне постигнавме директен договор со компанијата, а количина ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април. Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковкакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини. Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата. Во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата.“