fbpx

Во Гевгелија починал богданчанец по пад од скеле

 Во Гевгелија починал богданчанец по пад од скеле

Вчера во Полициската станица Гевгелија, од Итна медицинска помош Гевгелија, било пријавено дека на старата автобуска станица во Гевгелија, имало починато градежен работник при вршење на  градежни работи, соопштија денес од МВР.

На местото на настанот излегле увидна екипа од Полициската станица Гевгелија, јавен обвинител и трудов инспектор, при што било констатирано дека се работи за Н.Т.(45) од Богданци кој околу 13,15 часот на објектот во изградба изведувал градежни работи при што паднал од скеле, по што починал на лице место.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е пренесено во Институтот за Судска медицина и криминалистика во Скопје за обдукција.

Share via
Copy link