Во Југоистокот денеска гласаа болните и изнемоштените, освен во Ново Село каде заради грешка на гласачкото ливче за советници гласањето е привремено прекинато

 Во Југоистокот денеска гласаа болните и изнемоштените, освен во Ново Село каде заради грешка на гласачкото ливче за советници гласањето е привремено прекинато

Вкупно 2.019 болни и изнемоштени лица денеска гласаат за избор на градоначалници и членови на советите  на локалните избори во десетте општини во Југоисточниот плански регион.Според општинсските изборни комисии гласањето се одвива без проблеми, освен во Ново Село када заради грешка во редните броеви на листите за советници е прекинато и се очечкува да продолжи поппладнево откако ќе биде доставен нов избирачки материјал.

Инаку, во Општина Ново Село се пријавени 400 болни и изнемоштени лица, Струмица-514, Босилово-232, Гевгелија-213, Валандово-83,  Василево-162, Радовиш-155, Конче-74, Дојран-57, и Богданци-129 избирачи.

Фото: членови на избирачки одбор број1732 Струмица по спроведено гласање на болно лице

Share via
Copy link