fbpx

Во организација на Фондацијата „Елеуса“ се одржа трибина Вистинското лице на „родот“

 Во организација на Фондацијата „Елеуса“ се одржа трибина Вистинското лице на „родот“

Вистинското лице на „Родот“ беше насловот на трибината што синоќа се одржа во Струмица во организација на Фондација Елеуса.

-Луѓето се уште повеќе збунети, зошто родот во тој контекст во кој ни го претставуваат нема само едно лице, туку има илјадници лица. Но јас како Епископ на Црквата, како духовник, во позадината на целата оваа идеологија, пропаганда, тоталитаристичко движење што го покорува светот, гледам само едно лице, а тоа е исконскиот непријател на човештвото, кој што го мрази човекот зошто е создаден по образ и подобие Божјо. Оваа идеологија го сака токму тоа, да го искасапи, осакати и да направи карикатура од тој Божји лик вграден во човекот со создавањето, рече Викарниот Епископ Стобиски г.Јаков.

-Имам сериозни забелешки за овој предложен закон затоа што го укинува постојниот закон за еднакви можмности меѓу мажите и жените кој беше усогласен со европски директиви и на тој начин се укинува единствениот закон кој беше посветен и се однесува на правата на жената, на нивната борба. во новиот предложен текст се воведуваат и други категории кои и го стеснуваат местото на жената во државата. друга опасност е што отвара можност за промоција на промена на пол кај деца и малолетни деца, вели поранешната пратеничка и активистка за женски права, Лилјана Поповска.

-Учеството на трибината го сметам за една од последните проблесоци на слобода на говор на граѓаните, бидејќи со предлог законот има модификација и кратење на слободата на говор. Мислам дека имаме обврска, сите кои имаме познавање, да се вклучиме и да дадеме наш придоенс во демистификација на она што власта сака да го донесе во форма на закон. Тука не се работи за закон кој штити одредени права, туку закон која злоупотребува одредена социјална група на чијашто судбина сакаат да се протурка , а кој ќе воведе можност за апсолутистичко владеење, вели д-р Петар Марков- специјалист по абдоминална хирургија.

Претседателот на Комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените при Советот на Општина Струмица, Ѓорги Танушев не се согласува со последните случувања и напади кон поединци, организации, функционери и етикетирањето на Струмица и струмичани како примитивни, напротив, вели, Струмица е пример за грижа и заштита на жените.

Share via
Copy link