fbpx

Во Радовиш одбележано завршувањето на заеднички македонско-бугарски проект за спречување и намалување на катастрофи

 Во Радовиш одбележано завршувањето на заеднички македонско-бугарски проект за спречување и намалување на катастрофи

Шеесетина ученици од Струмица и Радовиш со засадување на дрвца, квизови и игри поврзани со вода ја искажаа својата посветеност на зачувањето на животната средина и намалување на последиците од климатските промени, во рамки на завршувањето на проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија – Република Северна Македонија, кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го спроведува во партнерство со општина Сандански и општина Радовиш.

-На младите им објаснивме што значи заштита на природата и какви се последиците од климатските промени, но и како во иднина да ја заштитуваат природата и да се грижат за неа со цел да обезбедат за себе и идните генерации подобар живот, рече Жулиета Ѓуркова, директорка на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

При тоа Ѓуркова додаде дека градежните работи околу уредувањето на коритото на реката Сушица се завршени, а останува уште зазеленувањето на просторот околу реката.

Денешната работилницата имаше за цел преку интерактивни игри и активности за
расчистување и пошумување на местото каде што се изведуваа градежните
активности да ја зголеми свеста кај младите за последиците од климатските промени и слични ризици како што се ерозија, поплави, суши.

По завршувањето на настанот, директорката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Жулиета Ѓуркова, на учесниците им додели сертификати.

Share via
Copy link