„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Во селото Сушево се асфалтира улица
Градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, денеска беше во населеното место Сушево, каде присуствуваше на асфалтирањето на улицата чија изградба деновиве се одвиваше во континуитет, соопштија од Општината.
Изградбата на оваа улица е планирана со Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2022 година чиј изведувач на терен е градежната компанија Бони интерградба.
Улицата е со должина од 75 метри и ширина од околу 3,5 метри односно асфалт од 275 м2. Лоцирана е на почетокот од населеното место и ги поврзува жителите кои живеат покрај неа со главниот локален пат.
Средствата во висина од 334.508 денари се обезбедени од општинската каса.
Според информација од градоначалникот Андонов за утре е планирано насфалтирање на улицата во населеното место Едрениково, чија изградба исто така се реализира како дел од минатогодишната Програма за локални патишта и улици во општина Василево.