fbpx

Ќе се реконструира кино салата во Валандово

 Ќе се реконструира кино салата во Валандово

-Денес, со Министерството за култура го потпишавме договорот за реконструкција на кино салата во Валандово, како еден од најважните објекти за културниот живот на локалната заедница, објави градоначалникот Перо Костадинов.

-Реконструкцијата ќе опфаќа: поставување на нова кровна конструкција, фасада, плафон, комплетна промена на столаријата, молеро фарбачки работи во внатрешноста, нов под во салата, под со гранитни плочки во холот, два современи проектори и опрема за проектирање. Во Кино салата, при Домот на култура „25 Мај“ во Валандово, генерации валандовчани одбележале значајни општествени случувања и проследиле безброј културни настани. Ја овозможуваме функционалноста на просторот и го враќаме сјајот на овој исклучително важен објект, за градот и општината. Проектот ќе се реализира со средства од Министерството за култура и Општина Валандово, напиша Костадинов,

Share via
Copy link