fbpx

Ротари клубот Скопје Исток прослави една година постоење

 Ротари клубот Скопје Исток прослави една година постоење

Ротари клубот Скопје Исток го прослави својот прв роденден од основањето и вклучувањето во филантропските активности за поддршка на заедницата во Македонија. Сите 26 члена на Клубот се фокусирани на поддршка на образованието, на културата и на ранливите групи граѓани.

Во поздравниот говор, чартер и сегашен претседател на Клубот, Глигор Михаиловски, ја изрази својата воодушевеност од вкупниот број хумани акции што ги преземаат членовите на клубот во помош и поддршка на заедницата.

„Да се биде чартер и прв претседател на Клуб кој активно ја поддржува заедницата, навистина, е чест. Активностите кои ги реализираме го подобруваат животот на заедницата и потсетуваат на одредени вредности на ротаријанството. Ќе продолжиме да бидеме клуб со уште поголем број активности и соработки со други клубови од ротари семејството, но и од други сродни организации“, вели Михаиловски.

Во изминатата ротаријанска 2022/2023 година, Михаиловски информираше дека клубот, преку својот член Мартин Николовски и компанијата Хипомед, донирале средства за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија. Исто така, во акција за обезбедување храна за гладни семејства, како и поддршка на Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје заедно со клубот Скопје Север и многу клупски хуманитарни активности.

Еден од најзаслужните лица за постоењето на Ротари клубот Скопје Исток е поранешниот гувернер на Дистрикт 1912, Душан Петерковиќ и почесен член на клубот Скопје Исток, кој несебично се вложи во поддршка на иницијативата за формирање на овој клуб. Според него, „многу сме задоволни како словенечки дел од Дистриктот затоа што ротаријанството во Македонија се развива и што соработката меѓу Словенија и Македонија, секојдневно, се зголемува и подобрува. Најголем дар е кога добиеш пријателство и ние тоа го добивме од вас“.

Благодарниците за сесрдната поддршка на Клубот добија и актуелниот гувернер на Дистрикт 1912 Словенија – Македонија, Раде Христовски и Сашко Целаковски, дистриктен секретар на Дистриктот 1912. На крајот, ротаријанците учествуваа во аукција на уметнички слики специјално изработени за прослава на првиот година на Клубот од авторка на сликите е Зорица Бужаровска-Бошковска и собраните средства ќе бидат донирани во следна хуманитарна акција.

Share via
Copy link