Македонските олимпијци под „научен скенер“ за Лос Анџелес 2028
Во сообраќајка во Струмица повредени двајца малолетници на мопед

На 30.07.2024 во 20.15 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Гоце Делчев“, ул.„Маршал Тито“, ул.„Белградска“ и ул.„Ѓуро Ѓаковиќ“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Д.(62) од Струмица и мопед со струмички регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал мопедот, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мопедот.
Повредите биле констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.