„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Во струмичкото обвинителство примени три известувања за изборни нерегуларности
Денеска во Основното јавно обвинителство Струмица е доставено известување за лице кое на бензиска станица во сeло Василево, нудел ваучери за гориво за да се гласа за определена политичка партија. Обвинителството издаде наредби за обезбедување на видео камери, видео записи и преземање дејствија во насока на утврдување на фактите.
Во струмичкото обвинителство примени се известувања за уште два настани, случени синоќа.
Едниот во село Добрашинци каде околу 21:00 часот лице нудело пари за да се гласа за определена политичка партија.
Вториот настан се случил во село Дражево, каде околу 21:50 часот лице вработено во Центарот за социјални работи вршело агитација со закани за да се гласа за определена политичка партија.