fbpx

Во Струмица се одржа дводневна тркалезна маса за ублажување на последиците од климатските промени

 Во Струмица се одржа дводневна тркалезна маса за ублажување на последиците од климатските промени

Вчера и завчера во конференциска сала на хотел Сирус, Струмица се одржа дводневна Тркалезна маса на која се дискутираше за ублажување на последиците од климатските промени во Северна Македонија и Бугарија, во рамките на проектот „Заеднички активности за спречување и да ги намалат последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш, кофинансиран од Европската унија преку Програмата Интеррег-ИПА за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.

На настанот присуствуваа претставници, експерти од локалните власти на прекуграничниот регион на двете земји Република Северна Македонија и Република Бугарија, претставници од невладини организации кои работат во полето на заштита на животна средина, претставници од образовниот сектор и други.

На Тркалезната маса беа споделени искуства и практики за ублажување на последиците од климатските промени во прекуграничниот регион во Р. Северна Македонија и Р. Бугарија, а исто така од страна на експерти беа презентирани методологијата за развој на општински локални акциони планови за климатски промени во Република Северна Македонија, локалната стратегија за климатски промени на општина Радовиш, како и дигитализацијата и употребата на ИКТ во борбата против климатските промени за рано предупредување од поплави и пожари.

Покрај дискусијата и размената на добрите практики, искуство и знаење за спроведување на различни мерки за намалување на ефектите од климатските промени во заедниците од заедничкиот прекуграничен регион, во Република Северна Македонија и Република Бугарија, беше организирана посета на самото место на завршените инфраструктурни работи во рамки на проектот за регулирање на речното корито на река Сушица во о. Радовиш, каде учесниците се запознаа со текот и реализација на проектот, беа запознаени со различните фази на изградба, главните предизвици и влијанието врз животната средина.

Главната цел на проектот е да се спроведат мерки за прилагодување на климатските промени поврзани со намалување на ризикот од поплавување во општините Сандански (Република Бугарија) и Радовиш (Република Северна Македонија).

Проектот е кофинансиран од Европската унија преку Програмата за прекугранична соработка Интеррег-ИПА Бугарија-Северна Македонија.

Share via
Copy link