Во Струмица светиот крст го фати Васко Дрвошонов

 Во Струмица светиот крст го фати Васко Дрвошонов

Васко Дрвошанов денеска го фати светиот положен крст во осветените води на базенот „Аквариус“ во Струмица.

По крстот скокнаа дваесетина млади струмичани, а Дрвошанов беше најбрз.

Тој од заменик градоначалникот на Струмица, Елена Магеровска Паликарова доби Плакета-православен крст, како и подароци од спонзорите.

Во Радовиш крстот го фати Миле Аврамов, во Дојран Мите Пејков, во Валандово Петар Занов, во Босилово Христијан Горичев, а Филип Тренов во Ново Село.

Share via
Copy link