Во вчерашниот пожар изгореа овошен насад и сува вегетација

 Во вчерашниот пожар изгореа овошен насад и сува вегетација

Полициијата денеска соопшти дека вчера во 15:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека настанал пожар под село Водоча, во близина на село Баница и поради силниот ветар истиот се проширил кон месноста Софилар. Во пожарот биле зафатени напуштени земјоделски површини со сува вегетација и овошен насад сопственост на А.С..

По интервенција на противоожарни екипи од Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки на 22.03.2025 увид на местото извршиле екипа на СВР Струмица, инспектор за пожари и инспектори од Министерство за земјоделство, шумарство и водостипанство

Share via
Copy link