fbpx

Возач на мопед потешко повреден откако изгубил контрола и паднал на коловозот

 Возач на мопед потешко повреден откако изгубил контрола и паднал на коловозот

На 02.09.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат 1403, делница помеѓу селата Борисово и Колешино, струмичко, О.Г.(30) од село Старо Коњарево, струмичко, управувајќи мопед „јамаха“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Струмица. 

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Share via
Copy link