Возач на мопед потешко повреден во сообраќајка во Турново

 Возач на мопед потешко повреден во сообраќајка во Турново

МВР соопшти дека синоќа во 01:35 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица –  Граничен премин Ново Село,  во село Турново, општина Босилово,  се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед без регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(45) од с.Бориево и товарно возило „ивеко“ со полуприколка со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Г.(64) од Струмица, кој не застанал на местото, но по преземени мерки бил сопрен од полициски службеник.

Во несреќата со  тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струмица.  

Share via
Copy link