fbpx

Второ прскање против комарци во Југоистокот на 22, 23 и 27 јули

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува сите граѓани од овој регион дека второто прскање против комарци ќе се изврши на 22, 23 и 27 јули 2020 година, со следниот распоред:

1. На 22.07.2020 година (среда), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Струмица и Василево;

2. На 23.07.2020 година (четврток), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Ново Село, Босилово, Валандово, Богданци и Дојран;

3. На 27.07.2020 година (понеделник), во период од 20.00 до 02.00 часот во општина Гевгелија.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот период.

Share via
Copy link