За социјалната зграда во Струмица ќе се распише нов оглас
За социјалната зграда во Струмица ќе се распише нов оглас, најави денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
-Во моментот во Министерството за транспорт и врски работат тимови на нова постапка со цел оваа социјална зграда, која е изградена овде и за која се вложени средства, да биде распишан повик, оглас и да бидат распределени становите, рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при денешната посета на Струмица.
Според него се работи на оваа постапка и наскоро ќе ја информирале јавноста кога ќе биде затворено ова прашање.
Изградбата на социјалната зграда во Струмица заврши во јануари лани и досега двата огласи за 37 станови беа поништени.