fbpx

Загина бебе во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Ново Село

 Загина бебе во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Ново Село

Вчера околу 12:50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица – Ново Село, делница помеѓу селата Босилово и Турново, патничко возило „фолксваген поло“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 40 годишната В.Д.Т. од село Стиник, општина Ново Село, излетало од коловозот, соопштија денеска од СВР Струмица. Од здобиените повреди починало бебе, кое било превезувано во возилото, а смрт констатирал лекар во Медицински центар Струмица.

Со телесни повреди се здобиле В.Д.Т. и сопатничката С.Т.(49) од село Доброшинци, струмичко.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.

Share via
Copy link