fbpx

Запечатени два угостителски објекти во Гевгелиско за непочитување на ковид протоколите

На 05.02.2022 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, инспектори од СВР Скопје во содејство со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат извршија контрола во 14 угостителски објекти во Гевгелија и село Мрзенци, соопштија денеска од СВР Струмица.

При контролата, два угостителски објекти се запечатени од страна на Државен пазарен инспекторат поради затекнати лица без сертификати односно непочитување на ковид протоколите.

Исто, така од страна на УЈП се изречени глоби за неиздавање на фискални сметки, како и санкции за други неправилности на 10 угостителски објекти.

Акциските контроли на МВР, УЈП и ДПИ продолжуваат и во наредниот период.

Share via
Copy link