„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Започна реконструкцијата на улица „Крушевска Република“
Денеска, градоначалникот Костадин Костадинов изврши увид во почетните градежни работи од реконструкцијата на улица „Крушевска република“.
Станува збор за асфалтирање на левата страна од улицата, како дел од целосната реконструкција на двете коловозни ленти покрај покриениот дел од каналот, на потегот од кружниот тек кај ЕВН до „Момин бунар“, во должина од 583 метри.
-Се радувам на започнатите активности, бидејќи улицата „Крушевска република“ е една од најважните сообраќани артерии во Струмица, која го поврзува централното градско подрачје со периферијата во овој дел на градот, а води и до два значајни верски објекти. Денес се асфалтира левата страна од улицата, а во деновите кои следуваат ќе започнат слични активности и на други позиции во градот и населените места, изјави градоначалникот Костадин Костадинов.
Во првата фаза од работите се поставува првиот слој асфалт со дебелина од 7 сантиметри, по што ќе следува поставување и на втор слој од 4 сантиметри. Реконструкцијата ги опфаќа и тротоарните површини, како и изведба на ново атмосферско одводнување.