„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Заврши реконструкцијата на улицата „Крушевска Република“
Се асфалтираат последните метри и со тоа завршува комплетната реконструкција на улицата „Крушевска Република“. Градоначалникот Костадин Костадинов со тимот од соработници и советници, денеска изврши увид во завршните работи на улицата, чија реконструкција беше негово предизборно ветување пред граѓаните на Струмица.
Двете страни на улицата „Крушевска Република“ во уредениот дел од поројот, односно, од кружниот тек кај ЕВН до улицата „Бел камен“ се комплетно реконструирани, со нов асфалт, тротоари, канализациони и шахти за атмосферска канализација.
-Во рамките на добрата соработка којашто ја имаме со ЈПКД „Комуналец“ веќе е потпишан договор за раззеленување на поројот, средување на жардинериите, ќе се комплетира хидрантската мрежа и овој дел од градот навистина ќе стане убава слика за Струмица и струмичани, а со тоа реализираме уште едно капитално ветување кон граѓаните. Вредноста на проектот е 19 милиони денари, инвестиција комплетно финансирана од основниот буџет на општина Струмица. Најавувам уште многу такви силни и огромни капитални проекти коишто се во интерес на граѓаните и во градот и во населените места. Денеска е потпишан договорот со фирмата изведувач за завршување на Домот на културата во населеното место Куклиш и деновиве ќе бидат воведени во работа, изјави градоначалникот Костадинов.