„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Земјоделци од село Баница со стапови се тепале во Облешево поради паркинг
Вчера во 12.15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на автобуското стојалиште во с.Облешево, поради меѓусебни недоразбирања околу паркирање на возила, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи на лица сите од с.Баница, струмичко, при што биле употребени и дрвени предмети.
Од страна на полициски службеници на сите учесници во пресметката изготвени им се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.