Жител на Зубово загина откако со „бмв“ излетал од патот и се превртел
Синоќа во 01:05 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат А4, делница од село Ново Село кон село Секирник, струмичко, патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Ч.(37) од село Зубово, струмичко, излетало од патот и се превртело. Од здобиените повреди возачот починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.