fbpx

Жители на радовишко Калаузлија физички нападнале полицајци за да не им одземат бесправно исечено огревно дрво

 Жители на радовишко Калаузлија физички нападнале полицајци за да не им одземат бесправно исечено огревно дрво

Вчера во 23:30 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода А.М.(61), С.М.(29), Ј.С.(30) и Џ.Ј.(40), сите од село Калаузлија, радовишко затоа што во село Калаузлија агресивно се однесувале кон полициски службеници и ги спречувале да одземат бесправно исечени огревни дрва, кои претходно биле пронајдени во дворно место на Ш.М. во селото, соопштија денеска од СВР Струмица.

Уште неколку други лица учествувале во настанот и тие физички ги нападнале полициските службеници.


Одделението за внатрешни работи Радовиш презема мерки за утврдување на идентитетот на сите учесници во настанот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 384 и член 383 од Кривичниот законик.

Share via
Copy link