„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Живко Груевски, Еуромакс Ресоурцес :“Време е за акција и дела, а не за празни зборови и флоскули”
„Граѓаните од подогражденскиот регион сакаат и бараат подобра инфраструктура, заштита и подобрување на животната средина, креирање услови за спорт, еко-туризмот, развој на земјоделството, подобра едукација, опремување на училишта и институции, реконструкција на патишта и водоводни системи. Жителите од регионот масовно се одзваа на повикот на „Еуромакс ресорцес” за поддршка на локални проекти и иницијативи со конкретни идеи и предлог – проекти во овие области“, рече д-р Живко Груевски, директор за корпоративни комуникации во компанијата Еуромакс Ресоурцес, која го развива проектот за рудник за бакар “Иловица-Штука” на гостувањето во емисијата “Вис а Вис” емитувана на ТВ Вис од Струмица.
На прашањето за одлуката на компанијата да обезбеди интервентен буџет од милион евра, Груевски потенцираше дека сите чинители мора да покажат акција и дела, веднаш и сега, за подобрување на животот на жителите од струмичкиот регион.
“Ние сме спремни за соработка со граѓаните, невладините организации, општините и институциите и да обезбедиме наменски, интервентен фонд, надвор од другите наши вложувања и тоа во вредност од милион евра, со кој ќе поддржиме локални иницијативи и проекти за подобрување на животот на граѓаните” – кажа д-р Груевски.
Тој се осврна и на различниот тип проекти кои биле предложени до нив како компанија.
“На нашиот јавен повик, граѓаните масовно одговорија со испраќање многу различни идеи и предлог-проекти од областа на инфраструктурата, животната средина, спортот, еко-туризмот, земјоделството, едукацијата, опремувањето на училишта и институции, реконструкција на патишта и водоводни системи и слично. Веќе почнавме со реализација на некои од нив, како што беше и активноста од минатата недела, кога на десетина жени-претприемачки од струмичко дониравме механизација и додатни делови што ќе им користат во нивните активности од земјоделството и сточарството. Искрено се надеваме дека што поскоро ќе ги реализираме сите достапни средства од интервентниот фонд на компанијата за овој пост-ковид период“, потврди Груевски.
Во однос на оваа тема, Груевски заклучи: “Сите заедно можеме да го пребродиме овој кризен период, но за тоа се потребни акции и дела, а не разни флоскули, оправдувања и неетички зборови со кои разни самоуки експерти се спротивставуваат во реализирањето на потенцијално најголемата странска инвестиција во нашата држава, проектот за рудник на можности “Иловица-Штука”. Ние сме тука и подаваме рака да помогнеме и асистираме за побрзо да реализираме проекти кои ќе бидат од интерес на сите”.
Целото интервју од гостувањето на д-р Живко Груевски на ТВ Вис можете да го погледнете на следниов линк:
(комерцијална објава)