fbpx

Жулиета Ѓуркова повторно на чело на Југоисточниот плански регион

 Жулиета Ѓуркова повторно на чело на Југоисточниот плански регион

Вчера се одржа дваесет и првата (XXI) седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, која поради настанатата вонредна состојба на светско ниво COVID 19, се спроведе онлајн преку платформата Zoom.

На седницата присуствуваа градоначалниците од општините од регионот и Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

На оваа седница, Советот за развој на Југоисточниот плански регион ја реизбра Жулиета Ѓуркова за Раководител на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со мандат од 4 години, согласно спроведениот Јавен оглас.

Ѓуркова се заблагодари за довербата и поддршката на сите десет градоначалници од регионот, истакнувајќи дека и понатаму посветено и мотивирано ќе работи и во следните четири години, со цел многу успешни проекти и уште поголем регионален развој на Југоисточниот плански регион.

На Седницата се донесоа Одлуки за преотстапување на објектот и преотстапување на опремата на Прифатилиштето за бездомни животни во рамки на проектот „Изградба на две прифатилишта за бездомни животни“ на општина Струмица. Во наредниот период ќе се продолжи со натамошните активности за ставање во функција на прифатилиштето во Струмица за справување со бездомните животни во регионот.

Ѓуркова на градоначалниците го објасни и новиот начин на идентификација, приоретизирање и подготовка на регионални проекти преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година, кои ќе се бираат на регионални форуми на заедницата и ќе бидат разработени со помош на експерти согласно насоките од МЛС и СДЦ. Понатаму ќе се направи приоритетна листа од предлог проекти, кои најдоцна до 15 декември ќе се аплицираат до Бирото за регионален развој.

Share via
Copy link