fbpx

Јаневски:почнаа подготовките за покривање на Поројот

 Јаневски:почнаа подготовките за покривање на Поројот

Уредувањето на поројот „Крушевска Република“ вон урбаниот дел со којшто се решава проблемот со атмосферските води, се одвива според планираната динамика, објави денес градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Понатаму во објавата се додава:

-Во тек се бетонските работи на потегот од транзитниот пат до вливот во реката Тркајна.Почнавме од овој дел затоа што сметавме дека тука е критичната точка којашто не дозволува адекватно дренирање на атмосферските води од погорниот дел на градот. Со оваа инвестиција којашто изнесува 5 милиони денари, практично го подготвуваме теренот за понатамошниот проект за уредување, односно, покривање на дел од поројот во урбаниот дел, објави Јаневски.

Share via
Copy link