fbpx

Полициски билтен:физички пресметки во Радовиш, 111 лица не носеле маски

Вчера во 15:40 часот на Градски стадион во Радовиш по завршување на спортски натпревар настанала физичка пресметка помеѓу Н.Г. (31) од Битола и М.Б. (20) од Кавадарци. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.11.2020 година во 15.25 часот во Полициска станица Радовиш Н.А. (48) од село Коџалија, радовишко, пријавил дека околу 12.30 на улица во с.Коџалија неговата малолетна ќерка била физички нападната од Ј.А. од истото село. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (18.11/19.11.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 111 лицa не ја почитувале, од кои 67 во Струмица, 24 во Радовиш, 11 во Валандово и 9 во Гевгелија и ќе следуваат соодветни мерки.

Share via
Copy link