28 пожарникари и 7 против пожарни возила го гаснеа пожарот на патот од Владевци кон Радовиш
14-годишно момче изгубило контрола врз моторот и паднало, повреден и сопатникот
Во Струмица на ул.„Широк Дол“ 14-годишник кој управувал моторцикл „Априлија“ со струмички регистарски ознаки изгубил контрола и паднал. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, а со телесни повреди се здобил сопатникот.
Двајцата биле пренесени во Општата болница Струмица за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.