fbpx

37.издание на Фолк фест „Валандово“ на 26 мај

 37.издание на Фолк фест „Валандово“ на 26 мај

Денеска во Валандово се одржа прес конференција за претстојното, 37 издание, на фестивалот за новосоздадена македонска фолк песна Фолк фест „Валандово 2024“.

Фестивалот годинава ќе се одржи на 26 мај (недела), со една натпреварувачка вечер, на која ќе бидат изведени 20 новосоздадени фолк композиции, чиј редослед беше утврден преку жребување.

На 24 и 25 мај, на градскиот плоштад во Валандово ќе се одржат две предфестивалски вечери на кои ќе настапат реномирани изведувачи од македонската фолк и забавна музичка сцена.

– Фолк фест е македонска вредност. Ја одржува нашата традиција, создава нови песни и го зајакнува македонскиот идентитет, напиша градоначалникот Перо Костадинов.

Влезници за фестивалот, можат да се набават во Домот на култура „25 Мај“ во Валандово.

Share via
Copy link