40 домаќинства ќе се приклучат на фекалната канализација во урбан блок 41 во Струмица
Деновиве во тек се градежни активности за изградба на фекална канализација за потребите на граѓаните од урбан блок 41, во должина од 1.130 метри на која ќе бидат приклучени 40 домаќинства.
Покрај тоа , во тек е и уредување на каналот за атмосферски води, на потегот од крајот на ул. „Крушевска Република“ кон реката Тркања.
Со завршувањето на оваа активност ќе биде заокружен опфатот од околу 350 уредени корита за прифаќање на атмосферски води.