„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Во Струмица се одржа седница на Здружението на даватели на комунални услуги
Со цел за поголема соработка и подобрување на работата на Јавните Комунални претпријатија, вчера во Струмица Здружението на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија – АДКОМ ја одржа својата 31 седница.
На седницата на АДКОМ, чиј председател е Зоран Горгиев, генерален директор на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица беа присутни и десет представници на јавни комунални претпријатија од целата држава.
На седницата се разговараше за минатите и идните активности на зружението, а се разменија и искуства од тековното работење за време на пандемијата.
На седницата здружението АДКОМ за заменик предтседател го избра Бурим Каба, генерален директор на ЈПК „Стандард“ – Дебар.