Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Притвор за тројца Срби осoмничени за криумчарење мигранти
Вчера во 05:50 часот во Гевгелија од полициски службеници од Полициска станица Гевгелија биле приведени и задржани E.M.(21), Г.Ш.(30) и A.Л.(22) сите од Србија, заради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, соопштија денеска од МВР.
Лицата се спроведени пред јавен обвинител каде од страна на судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена и се предадени во Истражен затвор – Скопје за понатамошна постапка.