fbpx

Кај Миравци пронајдени тела на две починати лица

На 23.10.2021 околу 09.30 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на место викано „Јаворица“, атар на село Миравци, гевгелиско, биле пронајдени тела на две починати лица, најверојатно мигранти, соопштија од МВР.

По овластување на Јавен обвинител, полициски службеници од ОВР Гевгелија извршиле увид и притоа кај едното лице била пронајдена картичка за идентификација издадена од Република Грција и било утврдено дека станува збор за малолетник од Авганистан, додека кај другото лице не биле пронајдени документи за идентификација.

По наредба на Јавен обвинител телата биле дадени на обдукција.

Share via
Copy link