fbpx

ЗНМ и ССНМ: Осуда за омаловажувачкиот и непримерен однос на Јакимовски кон новинарите

 ЗНМ и ССНМ: Осуда за омаловажувачкиот и непримерен однос на Јакимовски кон новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) го осудуваат денешниот непримерен и омаловажувачки однос на градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски кон новинарите за време на изјавата пред Кривичниот суд.

На новинарските прашања упатени до градоначалникот Јакимовски денес пред судот, тој наместо да одговори на новинарските прашања поврзани со судската постапка во која тој и неколкумина се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување како претходен градоначалник на општината Карпош, тој изјави дека имал одлични менаџерски способности и дека прашањата упатени од страна на новинарите кон него биле ,,смешни”. Исто така тој ги обвини новинарите дека денешното присуство на медиумите и новинарите на првото рочиште било оркестрирано од страна на ,,еден центар”.

ЗНМ и ССНМ потсетуваат дека градоначалниците се избрани функционери кои се платени од страна на граѓаните и тие имаат обврска да негуваат професионален однос кон новинарите и медиумските работници со цел да даваат отчет за својата работа и во ниту еден случај лична пресметка на јавни настани не може да биде оправдана. ЗНМ и ССНМ ги упатуваат засегнатите политичари да имаат поголема култура во јавната комуникација и односот со медиумските работници бидејќи новинарите служат да ја информираат јавноста а не да задоволат нечии партиски очекувања.

ЗНМ и ССНМ апелираат јавните личности, избраните функционери да се воздржат од изјави кои што на било кој начин може да се сфатат како етикетирање на новинарите, бидејќи тоа не е во духот на европските и демократските вредности.

Share via
Copy link