ЗАПОЧНУВА ВТОРИОТ МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ВЕЛОСИПЕДИЗМОТ – “ВЕЛО СТРУМИЦА“
Градоначалникот Костадинов апелира да не се фрла смет на жардинерија на улица
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов денеска упати апел до граѓаните да не фрлаат смет по жардинерија и на улица. Апелот доаѓа откако е забележано фрлање смет на жардинерија во центарот на градот.
Еве ја објавата на градоналникот на Струмица:
-Кога зборуваме за ред и дисциплина, паралелно мора да работиме и на подигање на свеста, за сите аспекти, но особено важно, свеста за животната средина.
Јас сум сигурен дека овие појави ќе бидат реткост и неспорно е дека луѓето од Комуналец Струмица ќе излезат и ќе го соберат сметот.Сите нам ни останува грижата за чиста Струмица.
Апелирам таквите појави, фрлање смет на жардинерија, на улица да не се случува.Повикувам сите граѓани кои ќе забележат дека некој свесно и намерно фрла ѓубре на место кое не е одредено за тоа, да пријави во надлежните институции или директно кај мене на мојот личен телефон 075/207-451. Само на тој начин Струмица ќе ни биде уште поубава и уште почиста, објави градоначалникот Костадинов.