fbpx

Откриени 42 мигранти во Стар Дојран, возачот и совозачот скокнале од камионот во движење

 Откриени 42 мигранти во Стар Дојран, возачот и совозачот скокнале од камионот во движење

Синоќа околу 01:00 часот на излез од Стар Дојран, во населба Карач, полициски службеници од Рeгионален центар за гранични работи Југ во товарно возило влекач „ман“, со штипски регистарски ознаки со приколка, пронашле 42 мигранти (41 од Сирија и 1 од Бангладеш), кои  биле предадени за понатамошна постапка, по што ќе бидат спроведени до Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија.

Имено, откако возачот и совозачот на товарното возило ги забележале полициските службеници, скокнале од возилото во движење и избегале, а возилото се вратило назад и удрило во службено возило на МВР. Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

Share via
Copy link